• понеделник, 16 декември 2024

Милановиќ: На Хрватска и е потребен државен, а не режимски обвинител

Милановиќ: На Хрватска и е потребен државен, а не режимски обвинител

Загреб, 11 декември 2024 (МИА) - Хрватскиот претседател и кандидат за нов мандат на Пантовчак, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека на Хрватска и треба државен, а не режимски обвинител, алудирајќи на актуелниот прв човек на ДОРХ, Иван Турудиќ.

Милановиќ на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија со порака: „Хрватска мора да биде земја која ги почитува своите граѓани. Државните институции мора да го откријат и казнуваат криминалот и корупцијата, а не да ги прикриваат за да ја заштитат власта“.

На објавената фотографија е напишано „ Нормално, нам ни треба државен, а не режимски обвинител“, по што следеше и слоганот на неговата изборна кампања „Претседателот за претседател“.

„Без чесна власт на сите нивоа, нема благосостојба за граѓаните. Луѓето од Хрватска се водени од неправда и нечесност, а само почитувањето на законите и правилата, како и вреднувањето на трудот и знаењето може да го запре иселувањето“, рече Милановиќ, кој, инаку, во последно време ретко се рекламира.сд/

фото:ФБ на Милановиќ 

Остани поврзан