Мик Шумахер стана шампион во Формула 2
- Германскиот возач Мик Шумахер е шампион во Формула 1 за сезоната 2020. Неговиот татко е познатиот возач на Формула 1, Михаел Шумахер.

Манама, 6 декември 2020 (МИА) - Германскиот возач Мик Шумахер е шампион во Формула 1 за сезоната 2020. Неговиот татко е познатиот возач на Формула 1, Михаел Шумахер.
Мик Шумахер стана шампион, и покрај неуспешниот учинок во последната трка од сезоната возена денес во Бахреин. Тој заврши само 18-ти но ривалот за титулата Калум Илот ја пропушти својата шанса со тоа што заврши на 10. место.
Од следната сезона Шумахер јуниор ќе учествува во Формула 1 како дел од тимот на Хас. зс/