• вторник, 24 декември 2024

Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова

Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова
Крушево, 9 февруари 2020 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска изјави дека таблата поставена во Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла. -Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи деенска во Крушево. Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.бт/са/    

Остани поврзан