Мизан: Во Иран е погубен маж обвинет за шпионажа во корист на Израел
- „Хамидреза Сабет Есмаелипур, кој беше уапсен на 29 април 2025 година, беше обесен за кривично дело шпионажа и разузнавачка соработка во корист на непријателската разузнавачка служба (Мосад) преку пренесување на класифицирани документи и информации, откако пресудата беше потврдена од Врховниот суд и преку законска постапка“, наведе Мизан.
Техеран, 28 јануари 2026 (МИА) - Маж обвинет за шпионажа за Израел е погубен денеска во Иран, беше објавено од агенцијата на иранското правосудство Мизан, која појасни дека човекот бил обесен поради соработка со Мосад.
„Хамидреза Сабет Есмаелипур, кој беше уапсен на 29 април 2025 година, беше обесен за кривично дело шпионажа и разузнавачка соработка во корист на непријателската разузнавачка служба (Мосад) преку пренесување на класифицирани документи и информации, откако пресудата беше потврдена од Врховниот суд и преку законска постапка“, наведе Мизан.
Бројот на егзекуции на Иранци обвинети за шпионажа за Израел значително се зголеми минатата година, по 12-дневната војна меѓу Иран и Израел.сд/ми/
Фото:МИА архива