• петок, 08 ноември 2024

Миење и дезинфекција на Градскиот пазар во Велес

Миење и дезинфекција на Градскиот пазар во Велес
Велес, 28 април 2020 (МИА) - Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен” денеска извршија повторно миење и целосно дезинфицирање на просторот на Градскиот пазар во Велес. Како што информираат од општината, овие мерките и активности се произлезени од заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување со цел превенција и заштита на населението од ширење на коронавирусот.
Општина Велес апелира до јавноста да се почитуваат мерките за превенција и заштита, и потенцираат дека јавното здравје е заедничка одговорност.ад/бт/

Остани поврзан