• петок, 27 декември 2024

Мигранти се обиделе да ја пробијат полската граница

Мигранти се обиделе да ја пробијат полската граница
Варшава, 8 ноември 2021 (МИА) - На социјалните мрежи денеска беа објавени десетина видео-снимки на кои се гледа како мигрантите се обидуваат да влезат во Полска. На снимката објавена од полското Министерство за одбрана се гледаат стотици мигранти долж границата во близина на граничниот премин Кузница-Брузги. На друга снимка објавена од полското Министерство за внатрешни работи се гледа уништен дел од граничната ограда поставена од Полска. - Полските служби спречија мигрантите да се пробијат на полска страна јужно од граничниот премин Кузница. Ситуацијата беше под контрола, се наведува во твитот на полското Министерство за внатрешни работи. Белоруската погранична служба изјави дека од страната на Полска се слушнале истрели. Претходно, Полска ги зајакна безбедносните мерки на границата со Белорусија, на источната граница со Европска Унија, по информацијата дека голема група мигранти од Белорусија се упатиле кон Полска. ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан