Мигел Дијаз-Канал: Хавана е подготвена за дијалог со Вашингтон без предуслови и на рамноправна основа
- Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел на прес-конференција во Хавана денеска изјави дека дијалогот мора да се води без притисок, без предуслови и на рамноправна основа, јави ДПА
Хавана, 5 февруари 2025 (МИА) - Кубанската влада изјави дека е подготвена да оствари разговори со САД, бидејќи претседателот Доналд Трамп се обидува да ја преобликува динамиката на моќ во регионот.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел на прес-конференција во Хавана денеска изјави дека дијалогот мора да се води без притисок, без предуслови и на рамноправна основа, јави ДПА.
Од воената интервенција на САД во Венецуела, постојано се засилува притисокот од Вашингтон врз авторитарната влада во Куба, која ја доживува својата најлоша економска криза во последните децении, потсетува германската агенција.
Куба повеќе не добива нафта од својот јужноамерикански сојузник Венецуела. Мексико, исто така, ги ограничи своите испораки на нафта откако Трамп се закани со казнени царини против земјите од кои Куба ја набавува својата нафта.
Трамп последниве денови изјави дека Вашингтон веќе води разговори со Куба.
Кубанскиот заменик шеф на дипломатијата, Карлос Фернандез де Косио, за Си-Ен-Ен изјави дека досега немало формален дијалог, туку само „размена на пораки“ со Вашингтон.сд/
Фото:ДПА