15 мај 2025
Скопје – Собранието денеска на конференцијата „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“ ќе претстави две нови дигитални алатки prashaj.sobranie.mk и kancelarii.sobranie.mk. Првата алатка има за цел да ја направи работата на Собранието попристапна, потранспарентна и поблиска до граѓаните. Таа има автоматска транскрипција, асистент со вештачка интелигенција (ВИ) што разбира и комуницира на македонски јазик, а за два месеца ќе комуницира и на другите јазици, и значително го намалува времето да се стигне до одредена информација за седниците на Собранието. Втората алатка е за електронско закажување средба со пратеник во пратеничките канцеларии низ целата држава.
Скопје - По барање на пратеничката група на „Левица“ денешната 48. собраниска седница, која требаше да почне во 12 часот, е одложена за еден час.
Причината, како што наведе Сашко Јанчев од „Левица“ е барањето до претседателот и заменик-претседател на Собранието да му наложи на генералниот секретар на Владата да и одговори на барањето на пратеничката Јована Мојсовска кој пратеник колку патни трошоци направил и колку кирии.
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, учествувал на Светскиот полициски самит во Дубаи – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината во полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави.
Скопје - Полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово, вчера во 19:30 часот и денеска во 03:00 часот, ги лишиле од слобода Д.А.(64) од село Зубовце, гостиварско и А.М.(36) од Тетово.
Скопје - Јазичниот израз во медиумите е исклучително специфичен. Се придржува и ја промовира нормата од една страна, а сепак е отворен за нови решенија. Јазикот во медиумите е важен затоа што влијае и на развојот на стандардниот македонски јазик, и затоа е потребно да покажеме свесен елемент во јазичната политика. Да се обидеме да го зачуваме нашиот јазик и соодветно да реагираме на влијанијата кои доаѓаат како резултат на глобализацијата.
Ова беа дел од пораките упатени денеска на 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“ на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, што се одржува во рамки на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“.
Скопје - Македонската берза целосно ја редизајнираше мобилната апликација СЕИНет, којашто е наменета за транспарентен, брз и лесен пристап до сите информации што котираните акционерски друштва задолжително ги објавуваат преку Системот за Електронски Информации на Берзата (СЕИНет).
Скопје - Агенцијата за филм соопшти дека и оваа година ќе учествува на 78. издание на престижниот Кански филмски фестивал, во рамките на Филмскиот маркет (Marché du Film). Македонската кинематографија ќе биде претставена неколку филмови и копродукции - „Лојнс“ во режија на Доријан Нур Жесперс, „Додакамерон“ на Минос Папас, „Утре наутро“ на Јани Бојаџи, како и краткометражниот филм „Лима“ на Батухан Ибраим.
Скопје - Пресудата за легализација на четири објекти покрај „Илинденска" е политичка, оцени денеска на прес-конференција, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во врска со судскиот предмет за кој беше осуден на казна затвор од три години и шест месеци.
Јакимовски претстави, како што рече, уште еден доказ за невиност во осудителната пресуда. Овие докази, нагласи, се однесуваат на постапката водена за легализација на четирите објекти што се наоѓаат покрај „Илинденска".
Битола - Во пресрет на 18 мај, Меѓународниот ден на музеите, Националната установа Завод и Музеј-Битола промовира обновена музејска сувенирница и билетарница.
Отворањето на сувенирницата ќе овозможи туристите од државата и странство да се снабдат со сувенири, разгледници и промотивни материјали за експонати изложени во Музејот, Хераклеа и други објекти што се од надлежност на установата.
Битола - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола јавно ја поздрави Одлуката на македонската Влада за потребата од основање на Факултет за медицински науки и здравство, како нова организациска единица во состав на УКЛО.
Од УКЛО-Битола соопштија дека одлуката претставува значаен придонес кон развојот на здравственото образование и научноистражувачката дејност, со посебен акцент на потребите на Пелагонискиот и Југозападниот регион.
Приштина - Дури и по 16-тиот обид, косовското собрание не успеа да се конституира. На денешната седница повторно не беше формирана Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот. Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата.
За формирање на комисијата гласаа 55 пратеници, а еден глас беше против.
Следната седница е закажана да продолжи на 17 мај.
Тирана – Британскиот премиер Кир Стармер, денеска претпладне пристигна во Албанија, што е прва посета на британски премиер на оваа земја.
Премиерот Стармер ја започна својата посета во пристаништето Драч, каде се запозна со работата на албанската полиција и агентите на Британската Национална агенција за борба против криминалот (NCA) на терен.
Анкара – Украина е во контакт со делегацијата на САД во врска со разговорите со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако пристигна во Анкара.
- Официјално, не сум запознаен за нивото на застапеност на Русите. Но, од она што го видовме, тие изгледаат како заменски реквизити, рече Зеленски во врска со руската делегација во Истанбул.
Тој додаде дека Украина ќе ги одреди своите следни чекори откако ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Анкара – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го нагласи ставот на Турција дека треба да дојде до прекин на огнот и мировни преговори без одлагање, за да се заврши војната со Русија, соопшти денеска кабинетот на Ердоган.
Шефот на претседателската управа за комуникации, Фахретин Алтун, на Х напиша дека Ердоган со Зеленски ќе разговара за сите аспекти на најновите случувања во руско-украинската војна, како и за билатерални прашања.
Брисел – Европската комисија соопшти дека нејзиниот актуелен главен советник за правни прашања Даниел Кајеха и Креспо е именуван за шеф на Претставништвото на ЕК во Шпанија.
- Европската комисија одлучи, во интерес на службата, да го премести Даниел Кајеха и Креспо на функцијата шеф на Претставништвото на Европската комисија во Шпанија, се наведува во официјалното соопштение на Комисијата.
Вашингтон - Претседателот Доналд Трамп изјави дека сака САД да ја „преземат“ Газа и да ја претворат во „слободна зона“, додека војната меѓу Израел и Хамас продолжува да беснее на палестинската територија.
-Имам концепти за Газа кои мислам дека се многу добри - да се направи слободна зона, да се вклучат САД и едноставно да се направи слободна зона, рече американскиот лидер во Катар.
Дoха - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Доха дека Индија им понудила на Соединетите Американски Држави трговски договор кој би подразбирал „практично нула царини“ за широк спектар на американски стоки.
Индиските преговарачи изразија подготвеност за дополнително намалување на царините за американски стоки, вклучително и воведување нулта царини за одредени земјоделски производи, со цел да се зголеми трговијата со САД на 500 милијарди долари до 2030 година, цел што беше поставена за време на самитот меѓу индискиот премиер Нарендра Моди и претседателот Трамп во февруари, објавува Бизнис стандард.
Москва – Откако Володимир Зеленски ја нарече руската делегација во Истанбул „заменски реквизити“, кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека тие испратиле „делегација на високо ниво која може да подготви неопходни одлуки“.
- Изјавуваме дека Русија, за жал, во Турција испрати делегација на прилично ниско ниво со нејасен мандат. Редовно ќе информираме за релевантните чекори на Украина. Продолжуваме со консултации со нашите партнери, се додава во соопштението.
Газа - Бројот на загинати во израелските воздушни напади во Појасот Газа од почетокот на денот се зголеми на 82, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на палестинската цивилна одбрана.
„Бројот на загинати во израелските воздушни напади во Газа се зголеми на 82 откако Израел нападна неколку куќи во северниот дел на Појасот Газа“, изјави портпаролот на палестинската цивилна одбрана, Мохамед ал-Мугаир.
Њу Делхи – Министерот за одбрана на Индија, Раџнат Синг денеска изјави дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) треба да биде надлежна за нуклеарното оружје на Пакистан.
Неговата изјава уследи неколку дена откако двете нуклеарни сили постигнаа примирје, со што заврши најтешкиот меѓусебен конфликт во изминатите три децении.
Токио - Јапонските воздухопловни сили почнаа вонредни инспекции за безбедност на сите свои 196 воени авиони за обука откако еден од авионите се урна неколку минути по полетувањето, соопштија денес официјални лица.
Воениот авион за обука со двајца војници се урна вчера неколку минути по полетувањето од воздухопловната база Комаки во префектурата Аичи во централна Јапонија.
Букурешт - Три дена пред вториот круг од претседателските избори во Романија, независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, има предност од четири процентни поени пред својот противник од националистичката „Алијанса за обединување на Романците“ (АУР), Џорџе Симион. Ова го покажува новата студија на ИРСОП (IRSOP).
За Никушор Дан гласале 52 проценти од анкетираните, додека 48 проценти го избрале Џорџе Симион.
ИРСОП наведува дека опциите се пресметуваат врз основа на вкупниот број луѓе кои веројатно ќе гласаат, со очекувана излезност на гласачите од над 60 проценти.
Женева - Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби'с“.
Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) - најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo).
Феникс - Ѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант, е добитник на наградата „Меџик Џонсон“ за сезоната 2024-25 во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).
Здружението на кошаркарски новинари на Америка ја доделува наградата секоја година на НБА играч кој се истакнува на теренот и покажува „соработка и брилијантност во комуникацијата со медиумите и навивачите“.
Дурант ја освои наградата и во сезоната 2010-11, негова четврта во лигата, со Оклахома Сити Тандер.
Анкара – Турција воведува нов закон со кој ќе ги казнува патниците во авионот ако пред време го откопчаат безбедносниот појас и станат од своето седиште.
Патниците ќе бидат казнувани ако тоа го направат пред пилотот да одобри. Новиот закон е инициран од жалбите на патниците кои ги почитуваат правилата.
Иако законот не ја одредува висината на казната, според турските медиуми таа ќе изнесува 2.603 лири (60 евра).
Брисел - Социјалната мрежа ТикТок не ги почитува преземените обврски од Законот за дигитални услуги (ДСА) во однос на т.н. „складиште на реклами“, соопшти денеска Европската комисија врз основа на наодите од нејзината прелиминарна истрага.
„Складиштето на реклами“ е база на податоци или архива која содржи податоци за рекламите, вклучувајќи ја нивната содржина, спонзори, трошоци и должина на траење и емитување. Примарна цел на оваа база е поголема транспарентност на онлајн рекламирањето и можност на истражителите, надзорните тела и јавноста да имаат пристап до податоците за рекламите.