МИА Најави – свет
- 18 ноември 2025
18 ноември 2025
Брисел - Форум за проширување на ЕУ „Околу Унијата, ја обезбедуваме иднината“ каде што ќе зборуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, европската комесарка за проширување Марта Кос и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.
Мадрид - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е во посета на Шпанија.
Јоханесбург - Социјалниот самит на Г20 ги обединува организациите на граѓанското општество и невладините организации.
Берлин - Конференција за технолошки суверенитет во Европа на која ќе учествуваат германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон.
Бразилија - Судење на воен персонал осомничен за учество во обидот за државен удар во Бразил, предводен од веќе осудениот поранешен претседател Жаир Болсонаро.
Загреб - Хрватска го одбележува падот на Вуковар во војната во 1991 година.
Белград – Втор ден од посетата на шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул на Србија
Приштина - Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул на средба со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германските војници во мисијата КФОР.