МИА Најави – свет
- 11 ноември 2025
11 ноември 2025
Денот кога е потпишано примирјето во 1918 година на Западниот фронт, што беше претходница на крајот на Првата светска војна.
Варшава - Ден на независноста на Полска, ултранационалистички групи организираат марш.
Багдад - Парламентарни избори во Ирак.
Даблин - Кетрин Коноли ја презема функцијата претседателка на Ирска.
Нијагара - Дводневен состанок на министрите за надворешни работи на Г-7, групата седум најразвиени земји во светот (Франција, Италија, Канада, Јапонија, Германија, САД, Велика Британија).
Загреб - Меѓународна конференција за Договорот за мини.
Атина - Демонстрации на грчките земјоделци поради скандал со масовна измама со цел добивање субвенции од ЕУ за земјоделство.