Барселона - Парламентот на шпанската област Каталонија ќе гласа за избор на социјалистот Салвадор Ила за нов шеф на регионалната влада.
Наироби - Протести против владата и за смена на кенискиот претседател Вилијам Руто.
Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН за заканата од џихадистичката група Исламска држава.
Вашингтон - Навршуваат 50 години од оставката на американскиот претседател Ричард Никсон по скандалот Вотергејт - прислушувањето на опозицијата.