МИА Најави - свет
- Берлин – Во воената база Рамштајн, Германија, состанок на Контакт групата за Украина, на кој ќе учествува и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

21 Април 2023
Берлин – Во воената база Рамштајн, Германија, состанок на Контакт групата за Украина, на кој ќе учествува и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Даблин – Премиерката на Србија Ана Брнабиќ ја завршува дводневната посета на Ирска.
Лисабон – Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва до 25 април е во официјална посета на Португалија.
Женева – Светската метеоролошка организација го објавува годишниот извештај за состојбата на климата.
Франкфурт – Штрајк на германските железници чии вработени бараат зголемување на платите.
Атина – Конференција за Сирија на која ќе присуствуваат делегации на земјите од ЕУ и пратеникот на ОН за Сирија, Геир Педерсен.