• среда, 28 август 2024

МИА најави - свет

МИА најави - свет

27 август 2024

Пекинг - Советникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џејк Саливен, започнува тридневна посета на Кина.

Кишињев - Претседателите на Естонија, Летонија и Литванија се во посета на Молдавија.

Најроби - Почнува Самитот САД-Африка за нуклеарна енергија, кој ќе трае до 30 август.

Нуакшот - Премиерот на Шпанија, Педро Санчес, започнува тридневна турнеја низ Мавританија, Гамбија и Сенегал за сузбивање на нелегалната имиграција од Африка.

Кејп Канаверал - Лансирање на ракетата на компанијата Спејсекс во орбитата на Земјата со екипаж кој потоа би требало да излезе во вселената, што би била првата „вселенска прошетка“ за време на приватна мисија.

Пекинг - Кинескиот производител на автомобили Спенг (XPeng) ќе го претстави првиот модел на својот нов бренд електрични возила.

Остани поврзан