• сабота, 16 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

30 јануари 2024

Брисел - Евростат ќе ја објави првата проценка за бруто домашниот производ на еврозоната во четвртиот квартал од 2023 година.

Берлин - Организацијата Транспаренси Интернешнл ќе го објави извештајот за индексот на перцепција на корупцијата за 2023 година.

Брисел - Почеток на дводневната неформална средба на министрите за одбрана на Европската Унија.

Стокхолм - Францускиот претседател Емануел Макрон ја започнува дводневната посета на Шведска.

Мадрид - Во парламентот на Шпанија усвојување на законот за амнестија на каталонските сепаратисти.

Париз - Обраќање на францускиот премиер Габриел Атал во парламентот.

Лондон - Почеток на штрајкот на британските машиновозачи, кој треба да трае до 5 февруари.

Остани поврзан