• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

21 август 2025 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево, Општина Кисела Вода, по што ќе даде изјава за медиуми. (локација/12:00)

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство, Азир Алиу. (МЗ, горна сала/11:00)

Прилеп – Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе го посети полициското одделение Ропотово, општина Долнени, прилепско, при што ќе отвори нова канцеларија на Управните служби на МВР. (11:30, изјава за медиуми по настанот)

Охрид - Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид. (х. Ривиера/изјава на министерот за култура и туризам Зоран Љутков во 14:00)

Скопје - Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“, во организација на Здружение за заштита на географската ознака за вино „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“ и Здружение на производители и извозници на вино „Вина од Македонија“. (М6 Едукативен центар/изјава за медиуми во 9:30)

Скопје – Јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Гази Баба (во периодот од 9 до 11 часот) и на Општина Шуто Оризари (во периодот од 11 до 13 часот), со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. (Сала на Советот на Град Скопје, барака број 13) 

Тетово - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, и директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, ќе дадат изјава за медиуми, по промоција на заштитната ограда покрај реката Пена. (Шеталиштето од болницата до улицата „Индустриска“/10:30)

Струга - Почнува 64. издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. 

- садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година (Парк на поезијата/10:00)

-прес-конференција со добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, Иван Штрпка (Словачка) (Пијано сала х. „Дрим“/12:30)

-Изложба – „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков (Пијано сала х. „Дрим“/17:30)

-Официјално отворање на Струшките вечери на поезијата 2025 година (Центар за култура „Браќа Миладиновци“/20:30)

-„Поетски меридијани“ – Меѓународно поетско читање. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“/21:00)

Скопје - Отворањето на 16. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. (Куршумли-ан/20:30)

Скопје - Прес-конференцијата на Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми. (седиште на ДУИ/11:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан