• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави - МКД

29 август 2025

Крива Паланка - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“. (Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски/12:00)

Скопје - Проштална средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши со швајцарската амбасадорка Вероник Улман. (Стар кабинет-Собрание/10:00)

Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе одржи прес-конференција на тема „Воспоставување на Ресурсен центар за подршка на општините“. (Медиа центар на Владата на Република Северна Македонија/12:00)

Струга - Воведно излагање на претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски на првиот Летен камп за млади. (хотел „Бисер"-Струга/17:00-17:30)

Скопје - Свечено затворање (финисаж) на самостојната изложба на ликовната уметница Петра Јовановска под насловот „Кругот е недостапен“. (Младинскиот културен центар во Скопје/20:30)

Охрид - Во Куќата на Робевци ќе се одржи Музички-звучен перформанс насловен Deep Dive: Задлабочено звучно истражување (Патување подалеку од мелодијата. Нуркање подалеку од хармонијата. Истражете ги неистражените длабочини на звукот). (20:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан