• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

28 мај 2025

Астана - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Казахстан каде ќе има средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.

Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија (11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи средба со претставници на медиумите на која ќе го презентира Извештајот за првата година од мандатот. (14:00)

Скопје - Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, ќе одржи прес-конференција. (Јавно обвинителство/11:30)

Скопје - Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ќе одржи прес-конференција. рес-центар на Собранието на РСМ/12:00) 

Скопје - Прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со Оперативниот план за вработување. (Влада/12:00)

Јажинце - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе го посети граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со цел пуштање во употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана контрола, по што е планирана изјава за медиумите. (14.00)

Скопје - Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје - Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе го промовираат Македонскиот дијалектен атлас (од ризницата на картотеката – лексички материјали). (МАНУ/11:00)

Скопје - Панел-дискусија на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии по повод  Денот на Европа - 9 Мај. (ресторан „Рагуза“, катна гаража „26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1/11:00) 

Скопје - Конференција на тема „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност” по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). (х. „Мериот“/12:00)

Скопје - Трета конференција „Чувари на мудроста“. (Економски Факултет - УКИМ/10:30)

Скопје - Националната конференција за трансфер на технологии, иновации и вмрежување „ТвинТек Конект 2025“. (Јавна соба/9:30)

Скопје - Конференција „Црвен разговор: Информирај се, бори се, менувај!“ по повод Светскиот ден на менструалното здравје – 28 Мај. (Центар ГНЕЗДО, Трета македонска бригада 10А/11:00)

Скопје - Регионален Саем за наука. (Поливалентен простор на ООУ „Љубен Лапе“, општина Аеродром/11:30)

Скопје - Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. (бифе на Драмски театар/20:00)

Скопје - Изложба на Зрно фестивал за алтернативна фотографија „ТРИ ГОДИНИ ИГРА СО СВЕТЛИНАТА“ во рамки на Европскиот месец на креативноста. (КИЦ, Продажен ликиовен салон/20:00)

Скопје - Промоција на романот „Денови на Блуграс-љубов“ од холандскиот писател Едвард ван де Вендел. („Буква“/20:00)

Скопје - Настап на квартетот туби „XL“ од Хрватска на Скопскиот Брас фестивал. (мала сала на Филхармонија/20:00)

Скопје - Почнува мултидисциплинарниот истражувачки проект „Градот како сцена: Еколошки иднини“. (Кино во Железничка зграда на ул. „Борка Талевски“ 26) и Архитектонски факултет – УКИМ)

Скопје - Критична маса #91: „Ало 091, критично е!“ (Плоштад Македонија/17:30) 

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан