• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД

17 јуни 2024 

Скопје -  Работен  состанок за воведувањето на еврокодовите за проектантските и градежните компании (10:00)  и изјави за медиуми на Кристинка Чулак, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“  и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите. (Стопанска комора на Северна Македонија/11:30) 

Скопје -  Предавање на јапонскиот професор Јуџи Јамада „Трансформации нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ на Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и Амбасадата на Јапонија. (Институтот за етнологија и антропологија /10.00)

Скопје - Отворање на мултимедијалната изложба AeternaNova на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС Скопје. (Национална галерија Мала станица/20:00

Скопје -  Со „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година стартуваат филмските проекции по повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо. (Кинотека/20:00

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан