• понеделник, 18 ноември 2024
МИА Најави - МКД

4 февруари 2024 

Скопје - Одбележување 152 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев: 

- Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“. (10:00)

- Делегација на Собранието предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. (10:00)

- Владина делегација предводена од првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања  Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска и заменик министер за транспорт Беким Реџепи ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. (10:00, медиумите да пристигнат на еден од двата пункта за контрола од страна на МВР најдоцна до 9:00, едниот на крстосницата кај „Меморијалниот центар на холокаустот“ или другиот кај Мустафа-пашината џамија, медиумските екипи да бидат поставени во црквата „Св.Спас“ најдоцна до 9:15)

- Владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка ќе положат цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. (10:30)

- Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе ја предводи партиската делегација која ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“. (10:00)

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан