• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави - МКД

27 ноември 2023

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан,  а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени. (Медиумските екипи во Кабинетот на претседателот да пристигнат во 10:30)

Скопје - Седница бр. 2 на Анкетната комисија за скандалот во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, сала 5/10:00)

Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Собранието ќе одржи продолженија на 11 седници. (12:00)

Струмица - Премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ ќе ги посетат градинката „Виножито“ и Дневниот центар „ЕДУ Практика“. (ул.„Атанас Јанев“ 6, ул.„Гоце Делчев“ бр 54А/12:30, на двете локации ќе бидат дадени изјави за медиуми, новинарски прашања се предвидени на првата локација, кај градинката „Виножито“)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов ќе одржат заедничка прес-конференција по повод новите договори по Законот за рамномерен регионален развој (РРР). (Медија центарот на Влада/10:45, Прес-конференцијата на македонски јазик  Прес-конференцијата на албански јазик

- Церемонија на потпишување на договорите, која можат да ја проследат сниматели и фоторепортери. (Свечена сала,10:15)

Барселона - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот.

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, началникот на ОВЕ Ненад Алексовски и државната секретарка на Република Словенија Тина Хеферле ќе се обратат на свечената церемонија по повод 54 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР, во базата на Одделот во Центарот за обука во Идризово. (10:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 96-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/84584837132?pwd=lkn7pqmipEIkNaXRuywDyqjl6LKvG8.1 10:00)

Скопје -  Настан „Живот и работа во Словенија“ во организација на Заводот за вработување на Република Словенија и Амбасадата на Република Словенија во Скопје. (х. „Хилтон“/10:00-17:00, изјави за медиуми во 13:00)

Скопје - Комората за приватно обезбедување организира семинар за родови прашања во приватниот безбедносен сектор „Портокалов цвет“. (Мултимедијален центар
„Мала станица“/10:00)

Скопје - Активност на тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити. (Кај споменикот на Скендербег/10:00)

Скопје - Улицата „Вуковарска“ во Општина Чаир ќе добие ново име - „28 Ноември“. (11:00)

Скопје - Продолжување на седницата за Вонредното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). росториите на ДПМ/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Книжевни крстопати“ од Звонко Танески. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/12:00)

Скопје - Премиерно прикажување на филмот „Chasing Unicorns“. (Мала сала на МНТ/17:30)

 

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан