• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД

 7 октомври 2024

Скопје - Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ во посета на Република Северна Македонија.

- Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја пречека српската делегација предводена од премиерот Милош Вучевиќ. (Влада на РСМ/ 10:00)

- Заедничка прес- конференција на Мицкоски и Вучевиќ. (Медија центар на Влада/11:45) 

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе се сретне со амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ. (Собрание, Стар кабинет/13:00)

Скопје -  Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, сала „Борис Трајковски“ /13:00)

Скопје - Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ ќе одржи прес-конференција. (Прес-центар во Собрание / 11:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе одржи прес - конференција. (МОН/10:45) 

Берово - Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, Тони Јакимовски ќе се обратат на настанот за официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“. (хотел „Манастир“ /12:00) 

Скопје -  Директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи,  вишиот економист Сања Маџаревиќ-Шујстер,  вишиот специјалист за енергетика Редон Беголи и вишиот урбан економист при Светска банка, Мега Муким ќе го презентираат Извештајот за клима и развој на државите и Прегледот за климатски јавни финансии на Северна Македонија. (хотел „Мериот“/ 10:00)

Скопје - Институтот за европска политика – ЕПИ ќе ги презентира резултатите од Национална дебата за државните позиции во меѓународните односи. (Јавна соба / 12:30)

Крива Паланка -  Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе присуствува на настан по повод пуштање во употреба на реконструиран мост во Општина Крива Паланка. (т.н. Виолетовиот мост на Крива река позади зградата на општина Крива Паланка/почеток во 12:00, изјава за медиуми / 12:35)

Скопје - Одбележување на Европскиот ден на органодонорството, 7 Октомври, како дел од активностите на Проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ во земјава финансиран од Европска Унија. (Кинотека на РСМ/11:00)

Скопје - Во организација на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ќе се одржи завршен настан од реализација на тригодишниот ИПА проект „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.( Клубот на пратеници/12:00, изјави за медиуми/11:45 )

Битола - Организација на потрошувачите на Македонија ќе го промовира проектот: „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“ . (хотел „Милениум“/ 11:00, изјави за медиуми / 11:30)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ќе присуствува на свечено отворање на Канцеларијата за родителство. (ООУ „Јан Амос Коменски“ (Тафталиџе 1) / 12:45)

Скопје -  Прес-конференција на Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст. (Црвен Крст Скопје - дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“/ 12:00) 

Скопје - Прес конференција на МФФ Киненова. (ЕУ Хаус, улица „Свети Климент Охридски“ бр.52Б / 11:00) 

Тетово - Презентација на муралот нацртан на заштитниот ѕид изграден во близина на ХЕЦ Пена, на патот кон областа Бањиче, Тетовско. (14:00)

Скопје - Ракометниот клуб Вардар 1961 ќе одржи прес - конференција пред првиот натпревар од Лига Европа против Валур (Исланд).  (Сала за прес - конференции во СЦ Јане Сандански“/ 11:00)

 

__________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан