• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави МКД

27 октомври 2025

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети ГОБ „8 Септември“  каде ќе изврши увид на нова апаратура во одделот за физикална терапија и рехабилитација, по што е предвидеа изјава за медиуми. (ЈЗУ ГОБ „8 Септември“/11:00)

Скопје - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Тркалезна сала на Ректоратот на УКИМ/10:30)

Скопје - Тркалезната маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“, во организација на Women on Boards Adria (WOBA) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), (Стопанската комора на Северна Македонија/13:00) 

Скопје -   „Западен Балкан во современите меѓународни односи“, сесија за улогата на Западен Балкан во современите меѓународни односи и шпанската перспектива за регионот, во организација на Институтот ПРЕСПА, Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Cooperación Española. (Europe House – Скопје/11:00)

Битола - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, преку иницијативата УКЛО КОЛОРС, организира промоција на Мобилна инфо станица на УКЛО КОЛОРС (Кино Манаки / 12:00)

Скопје - Почнува меѓународниот саем „Енерго-Технома 2025“. (Арената „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Прес-конференција на политичката партиј МААК (Прес - центарот на хотел Континентал/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на паркови и зеленило (Пред пунктот на ЈП Паркови и зеленило во Автокоманда, позади Макпетрол/10:45)

Скопје - Изјава за медиуми претседател на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски и синдикални претставници од  ЈП „Паркови и зеленило“  Скопје, ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“. (Булевар „Илинден“, на раскрсницата пред Зоолошка/08:00)

Софија - Предавањето на проф. д-р Димитар Пандев по поводите 195 години од раѓањето на Григор Прличев и Константин Миладинов, 90 години од раѓањето на Живко Чинго. (Македонскиот КИЦ во Софија/18:30) 

Скопје - Отворање изложба на дела  од работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во село Смилево, во организација на фестивалот „Зрно“. ( Културно Информативен Центар Скопје/20:00)

Скопје - Прес-конференција по повод претстојните концерти на Калиопи во Скопје. (Ботаника Урбана Кафана/12:00)

Скопје - Блу - реј промоција на филмот Мис Стон на Живорад Жика Митровиќ од 1958 година по повод одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. (Кинотечно кино/12:00)

Скопје - Промоција на книгата „ Индиго солзи“ од Нино Наумовски во издание на БАТА ПРЕС. (Салон – Империјал 2/19:19) 

Скопје -  Изложба посветена на Милка Ефтимова, по повод 25 Октомври – Денот на Операта. (Амфитеатарот на Спомен куќа на Мајка Тереза/12:00)

Локални избори 2025: 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан