• недела, 17 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

10 ноември 2023 

Скопје – Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе присуствува на предавањето во употреба на апаратот за рано детектирање мултипла склероза на Клиниката за неврологија – Скопје, донација на компанијата „Mozzart “. (10:00)

Скопје – УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој, 10 Ноември со доделување на Наградата за најдобри научници/уметник на УКИМ за 2022 година и дебата на УКИМ заедницата – двигател на визијата кон отворен Универзитет со Европски вредности, видлив и препознатлив во меѓународниот високо-образовен и научноистражувачки простор. (Ректоратот на УКИМ/10:00 и 10:30)

Штип – Универзитет „Гоце Делчев“ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември со настан на кој ќе се доделат награди и признанија на најдобриот научник на УГД, како и на авторот за научен труд објавен во престижно списание за 2022 година. (во Ректоратот на УГД, Свечена сала/ 11:00, изјави за медиумите се предвидени во 11:15)

Битола – Одбележување на Светскиот ден на науката – 10 Ноември. (Ректорат/ 11:00)

 Скопје - Отворање на 11-oт Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја – Универзитет Св. Кирил и Методиј и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. (Музејот на македонската борба/10:00)

Скопје – Прес-конференција на Институтот за европска политика (ЕПИ) на која ќе биде презентирана анализа на Извештајот на Европската комисија за 2023 година. (во просториите на ЕПИ, ул. „Антоние Грубишиќ“ 2/2/ 13:00)

Штип – По повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, Отворена  порта  -  Ла  Страда  во  партнерство  со  Општина Штип  организира проекција на краткиот документарен филм „Излез“. (во Големата сала на Општина Штип/ 12:00)

Битола – По повод Денот на примирјето од Првата светска војна ("Commémoration du 11 novembre 1918") и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно ќе го одбележат споменот за сите мртви, ранети, исчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи. (Француски воени гробишта/ 10:30)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на управата на матични книги. (канцеларии на КСОМ спроти ТЦ Еаст Гејт, кај ЈП Комунална Хигиена/10:30)

Скопје – Работилница на тема: „Колонијалните и постколонијалните дискурси во ‘Робинзон Крусо’ од Д. Дефо и во ’Игра на тронови’ од Р. Р. Мартин”. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, во Салата за седници/ 12:00)

Тетово – Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ќе го потпише договорот за ЈПП со словенечката компанија на групацијата „Саубермахер“, за управување со отпадот во Општина Тетово.  (простории на општината/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на Демократското движење. (седиште на Демократското движење, ТЦ „Мавровка“, Ламела А, кат 2/ 13:40)

Куманово – Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово во соработка со Ансамблот „Македонија“ организира Ревија на носии од Горновардарска етнографска целина. (во фоајето на НУЦК „Трајко Прокопиев/ 18:00)

Скопје – Годишна изложба на основните училишта под наслов „Шемов и јас“. (Даут пашин амам/ 13:00)

Скопје – Изложба „Во сеќавање на Борко Лазески“ на досега неизложени дела, изработени во периодот од 1937 до 1950 година. (во семејната куќа на авторот на ул. „Отон Жупанчиќ“, бр. 15/ 19:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Секвенци на рефлексијата“ на Слободан Милошески. (МКЦ/ 20:00)

Скопје – Локомотива програмата на МОТ ќе го претстави перформансот „У.Ф.О. – Омаж за Каталин Ладик“. (Младинскиот културен центар, сала Денсинг/ 20:00)

Скопје – По повод ослободувањето на градот Скопје, Сојузот на спортови Скопје организира свеченост со доделување награди „13 Ноември“ за 2023 година. (СЦ „Јане Сандански, конференциска сала/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на македонскиот шампион Ѓорче Петров  ЖРК пред одигрувањето на првиот меч од 3. Коло на ЕХФ Европскиот Куп за жени против белгиски КТСВ Еупен. (х. „Карпош“/ 11:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан