МИА Најави МКД
- 23 декември 2023
МИА Најави МКД
23 декември 2023
Скопје – Мрежата за заштита од дискриминација ќе одржи прес-конференција по повод изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. (Социјален клуб Комитет, катна гаража Беко/ 10:00)
Скопје – Во пресрет на Божиќ ќе се одржи Годишната свечена академија во чест на наследството на Мајка Тереза и албанската католичка заедница во Скопје. (во салата „Вилсон“ на ИДКНА/ 12:00)
Гостивар – По повод 23 декември - Денот на општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари ќе присуствува на свечена церемонија на која ќе се оддаде почит на различни личности. (Центар за култура – Гостивар/ 18:00)
Скопје - Инаугурација на улицата „Мехмет Гега“ во општина Чаир (поранешен „Август Цезарец“ во општина Чаир/15:00) и Спомен академија „Мехмет Гега“ (Албански театар/16:00)
Скопје – Ways2Help во акција: Системска помош со бесплатна едукација за финансиска и дигитална писменост за социјално загрозени семејства. (Startup Club Скопје/ 17:00)
Скопје – Традиционална церемонија на пристигнување на „Дедо Мраз“ со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана. (на воениот дел од Меѓународниот аеродром – Скопје во касарната „Страшо Пинџур“/ 11:00)
Скопје – Новогодишен концерт за деца „Девојчето со книгите“ под водство на маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска. (Македонска филхармонија/ 12:00)
Скопје – Премиера на детската новогодишна претстава „Приказна за фамилијата Мраз“. (Кино „Милениум“/ 11:00 и 13:00)
______________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***