МИА Најави - МКД
- 22 јули 2025
22 јули 2025
Тетово - Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на општина Тетово. (15:00, изјава за медиуми во 15:30)
Скопје - Собранието ќе ја одржи 62-та седница. (11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/10:30)
Скопје - Прес-конференција на пратеничката Јована Мојсоска. (Прес-центар на Собрание/10:45)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе има средба со претставници на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“ (Влада/10:30), по што ќе биде потпишан Меморандум за разбирање. (Свечена сала во Влада/медиумите можат да обезбедат инсерти од потпишувањето на Меморандумот)
- Прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“ Шабан Џемил. (Медија центар на Влада)
Истанбул - Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Владо Мисајловски во работна посеата на Турција, каде се одржува 17. саем за воена индустрија IDEF 25.
Тетово - Министерот за здравство Азир Алиу ќе ја посети Клиничката болница во Тетово. (10:30, предвидена е изјава за медиумите)
Скопје - Гувернерот на Народна банка проф. д-р Трајко Славески ќе има работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со претставници на раководството на оваа бизнис асоцијација. (Стопанската комора, сала 4 на петти кат/12:00)
Скопје - Концерт на италијанската пијанистка Цинзија Бартоли во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“. (Музеј на македонската борба за самостојност/20:30)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***