9 ноември 2025
Тетово - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Тетово Билал Касами ќе учествуваат на панел-дискусија во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, на тема „Каква магија се крие зад една петка - минатото и сегашноста во дуел“. (амфитеатар на ОСМУ „Никола Штејн“ / 11:00; пренос на јутјуб каналот на МОН: https://youtube.com/channel/UCzOX1KEu6ZBm14DqFasVMjA?si=MWcOfrO5OjMDZd_O ; Изјава за медиумите на Јаневска и Касами / 10:30)
Скопје - Прес-конференција ќе одржи Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. (во седиштето на СДСМ/11:00)
Скопје - Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за медиуми на која ќе се обрати Викторија Андоновска. (простории на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев/11:00)
Скопје - Петти Социоеколошки форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“- Канцеларија Скопје и „Прогрес“ Институт за социјална демократија. (Отворање пред Порта „Македонија“ 9:30; форумот до 18:30 ќе се одржува во CoWork21 и на јавниот простор помеѓу Кино Култура и Домот на АРМ)
Скопје - Концерт на „Једен Ансамбл“ од Турција на фестивалот „Есенски музички свечености“. (Салон 19,19 во Културно-информативен центар / 20:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***