МИА Најави - МКД
- 24 октомври 2025
24 октомври 2025
Виница - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Виница, каде ќе го посети археолошкиот локалитет Виничко кале и ќе присустува на отворањето на Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас. (археолошкиот локалитет Виничко кале/изјава за медиуми 12:00/Домот на културата „Тошо Арсов/обраќање 19:00)
Скопје - Брифинг по повод одржување на Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“, кој годинава започнува на 27 октомври и ќе трае до 30 октомври. (MOIA Coffee & Cakes, на влез во арената „Борис Трајковски“/11:00 часот)
Битола - Општина Битола организира „Буџетски форум“ за планирање на буџетот на локалната самоуправа за 2026 година. (Офицерски дом /11:00)
Скопје - Прес-конференција на режисерот и актерската екипа на “Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ по повод отворањето на фестивалот РУТА. (Драмски театар Скопје/10:00)
Скопје - Мини видео театарски шоукејс/Mini Video Theatre Showcase во организациа на Центарот за современи уметности Скопје. (Мобилна/Монтажна Галерија – Парк на франкофонија/19.00)
Скопје - Изложба „Билни прилагодувања“ на Оливер Мусовиќ. (Музеј на современата уметност – Скопје/20:00)
Врање - Изведба на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање на претставата „Народен пратеник“ на МНТ во рамки на главната натпреварувачка програма како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“.
Скопје - Полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски, во пијано придружба на Шкељзен Бафтиари и пијанистот Виктор Рафајловски. (Камерната сала на Македонската филхармонија/20:00)
Локални избори 2025:
Тетово - Централното претседателство на ДУИ. (седиштето на ДУИ во Тетово/13:30)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ. (Плоштад Македонија кај Камен Мост/11:00)
Тетово - Лидерите и функционерите на ВЛЕН ќе се сретнат со граѓаните на плоштадот во Тетово. (14:30, предвидена е изјава за медиумите)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***