• вторник, 27 август 2024
МИА Најави МКД

9 февруари 2023 

Скопје – Собраниската Законодавно-правна комисија ќе ја одржи 169. седница, а по нејзино завршување и 170. седница. (сала „Борис Трајковски“/ 11:30 и 12:00) 

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6/11:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ја посетат компанијата Варус „Бионика Фармацеутикалс“. (Локација / 12:30, по завршувањето на обиколката предвидени се изјави за медиуми)

Дебар/Струга/Охрид  - Министерот за здравство Беким Сали ќе ги посети општите болници во Дебар, Струга и во Охрид по повод обезбедена нова медицинска опрема со поддршка од Светска банка. 
- Посета на Општата болница во Дебар (10:00) по што ќе следат изјави за медиумите 
- Посета на Општата болница во Струга (12:00), по што ќе следат изјави за медиумите 
- Посета на Општата болница во Охрид (13:30), по што ќе следат изјави за медиумите.

Скопје – Државниот пазарен инспекторат ќе одржи брифинг. (простории на ДПИ/12:00) 

Скопје – Работилница во организација на Институтот за сеизмологија и земјотресно инженерство на Република Северна Македонија и на јапонскиот Институт за сеизмологија на која ќе се обрати новиот јапонски амбасадор Казуја Оцука. (ИЗИИС/ 9:00) 

Скопје - Изјава на претседателот на партијата МКонцепт Петар Богојески. (пред Собрание, службен влез од страна на Дом на АРМ, 10:45) 

Тетово - Состанок на Централното претседателство на Алијанса на Албанците. (Централни канцеларии на партијата во Тетово/18:00, по состанокот ке се одржи прес- конференција)

Скопје – „Гајрет“  - концерт на Филхармонија со солисти од Северна Македонија, Турција и Либан. (Филхармонија/ 20:00) 

Скопје – Кино концерт на Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С и францускиот диригент Оливие Дежур. (Кинотека на Северна Македонија/ 19:00) 

Скопје – Промоција на книгата „Крсте Петков Мисирков – Македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов. (амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/ 11:00) 

___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан