• вторник, 27 август 2024
МИА Најави МКД

19 јуни 2023 

Стокхолм - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе учествува на Конференција за демократијата во Европа, во Стокхолм, Кралство Шведска.

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Росоман - Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе извршат увид на санацијата на системот за наводнување „Макарија“ кај Росоман. (изјави за медиуми во село Трстеник кај Росоман/12:00; новинарските екипи да пристигнат до 11:20 часот во село Трстеник)

Лондон - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во неколкудневна работна посета на Обединето Кралство на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Џејмс Клеверли.

Скопје - Министерот за правда Кренар Лога ќе присустува на отворањето на канцеларија за бесплатна правна помош во Шуто Оризари. (Општината Шуто Оризари/11:00)

Берово - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот Звонко Пекевски ќе го посетат Домот за стари лица д-р Иван Влашки,  каде што ќе го најават отворањето на новата кујна во Домот. (11:00; предвидени изјави за медиумите)

Берово - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот Звонко Пекевски ќе отворат нов Центар за ран детски развој во населено место Двориште, Беровско. (13:00, предвидени изјави за медиумите)

Скопје - Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски организира трибина на тема: „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје -  Управата за хидрометеоролошки работи домаќин на Втората работилница на Глобалниот проект „Систем за најава на поплави со глобална покриеност“. (х. „Хилтон“/ 9:00)

Скопје - Годишна конференција на тема „Предизвикот на компаниите од РСМ во обезбедувањето на работна сила во период на глобализација и дигитализација“ на Стопанска комора на Северо - западна Македонија. (Простории на СКСЗМ, 5-ти кат, сала бр.4/11:00)

Охрид - ТАВ Македонија на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид организира настан по повод обновувањето на сезонска авиолинија од Белград со Ер Србија (Air Serbia). (Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид/13:30)

Скопје - Црвениот крст ќе ги промовира резултатите од кампањата по прва помош под мотото „Првата помош спасува живот наменета за ученици од основни и средни училишта на територија на Република Северна Македонија“. (Спомен куќа Мајка Тереза – Скопје/11:00)

Куманово - Промоција на  Зборникот на трудови од меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“. (Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“/19:00)

Скопје - Промоција на Фотомонографијата „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг. (Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје/19:00)

Скопје - Прес-конференција на спортскиот директор на Кошаркарскиот клуб „Водњански лисици“, Едина Муса . (Прес центарот на О.Ц. Јане Сандански/12.00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан