6 мај 2025
Скопје - Собранието треба да ги одржи 47. и 34. седница (Сала „Македонија“ / 12:15 / 12:30)
Скопје - Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција. (Собрание / сала 5 / 10:30)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот на „Европскиот фронт“, Сали Мурати. (Прес-центар на Собрание/10:30)
Крит - Делегација предводена од министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на Форумот на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој Северна Македонија официјално ќе го преземе претседавањето со Јадранско-јонската иницијатива од Грција.
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува на одбележување 20 години од формирањето на Дирекцијата за радијациона сигурност. (Клуб на пратеници, конференциска сала/10:30; изјави во 10:15 часот)
Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска, директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Билјана Ангелова и деканот на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски. (Министерство за образование и наука/10:00)
Скопје - Брифинг по повод Саем на книга 2025. ( кафе барот МОИА, арена „Борис Трајковски“ во Скопје/12:00)
Скопје - Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – 80 години од кодификацијата“, во организација на Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Филолошки факултет при УКИМ/09:00)
Скопје - Прес-конференција на Драмски театар по повод копродукција на четири регионални театарски ансамбли. (11:00)
Скопје - Предпремиера на новата премиера на комедијата „Вистината“ во режија на истакнатиот словенечки режисер и актер Владимир Јурц на НУ Театар Комедија Скопје.
Скопје - Регионалната конференција „Родителство за добросостојба на децата – кон институционализација и одржливост на родителските програми во Западен Балкан и Југоисточна Европа“. (https://us06web.zoom.us/meeting/register/OZKDLx_pSR6KY23CW0hEYQ/ 14:00 - 16:00)
Скопје - Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и Санте Плус Групацијата ќе потишат Меморандум за соработка. (Хотел Парк /15:00)
Скопје - Хрватскиот научник и универзитетски професор, македонистот Златко Крамариќ на манифестацијата „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“ ќе ја промовира неговата најнова книга во превод на македонски јазик „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“. (книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“ во Скопје/19:00)
Скопје - Разговор со поетесата Биљана Стојановска, чија стихозбирка „Додека спиеш“ е книга на месецот. (во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)
Скопје - Во ИТ хабот Нетавил во Скопје ќе се одржи промотивен настан за третото издание на фестивалот Стрип Трип. (18:00)
_______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***