• четврток, 07 ноември 2024
МИА Најави МКД

21 август 2023 

Скопје - Во Полицискиот Центар „Ѓорче Петров” ќе биде промовирано кошаркарско игралиште, дел од заеднички проект на МВР со Агенција за млади и спорт (Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски /10:30)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе одржи брифинг со медиумите, по повод промоција на новините во областа на примарна здравствена заштита. (во Ragusa360-Rooftop /11:00)

Куманово - МВР организира прослава по повод одбележувањето на Денот на единицата за брзо распоредување (паркинг простор пред Градскиот базен /18:30)

Штип - Прес - конференција на проректорот за настава на УГД проф. Д-р Мишко Џидров. (во тренинг центарот на УГД, поранешен Универзитетски ресторан)/ 10:00)

Скопје - Заедничка изложба на дигитални графики на тема „Помеѓу конкретноста и виртуелноста“ од авторите Билјана Билбилоска од Северна Македонија и Жоао Серано од Португалија. (во Домот на култура  „Кочо Рацин,  Голем салон/19:00)

Скопје - Отворањето на изложбата ИМАГИНАРИУМ – илустрации за деца на академскиот уметник Христина Мазнеска. (во Галеријата на МКЦ /20:00)

Крива Паланка - Изведба на проектот “Реобмислување – филм, музика и поезија”, со настап на Бранислав Николов, Гоце Јованоски и Дејан Трајкоски во организација на Метрика Култура. (во Europe House Крива Паланка/19:00)

_____________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан