• понеделник, 16 декември 2024
МИА Најави МКД

11 ноември 2024

Скопје - Седница на собраниската Комисија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Битола - По повод одбележувањето на Денот на примирјето од Првата светска војна, собраниска делегација составена од пратеничките Олга Лозановска и Бисера Костадиновска-Стојчевска и Силвана Ангелевска ќе положи цвеќе на Српските воени гробишта во Битола. (11:00)

Прилеп - Премиерот Христијан Мицкоски ќе го посети Тутунски комбинат АД Прилеп. (12:00/предвидено е изјава за медиуми од премиерот Мицкоски)

Баку - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан. 

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусија на тема „Подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење“, во рамки на презентацијата на резултатите за квалитетот на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. (х. „Мериот“/10:00, изјави за медиумите на темата во 9:45)

Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани ќе се обрати на презентацијата на извештајот за состојбата со напредокот во инклузијата на Ромите во Северна Македонија. (х.„Арка“/10:30)

Скопје  - Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира новините поврзани со новиот портал за „е-услуги“. (Локација: https://maps.app.goo.gl/KyJiYfUrZb2QhBku5/11:00)

Тетово - Прес-конференцијата на Алијанса за Албанците. (пред Основниот Суд во Тетово/11:00)

Скопје - Ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова ќе се обрати на одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември. (Ректорат на УКИМ/10:00)

Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на науката - 10 Ноември. (Ректорат на УГД, свечена сала/10:30, изјави за медиуми во 11:00)

Скопје - Родители од Општина Карпош ќе дискутираат за врсничко насилство на едукативна работилница во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на компанијата „Макпетрол“. (Кинотека/18:00)

___________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан