• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД

25 април 2023

 Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на отворањето на научно-технолошката конференција „Традиционалните индустрии и креативните сектори испречени на патот на економската криза“. (х. „Мериот“/ 10:00)

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе го прими министерот за национална одбрана на Романија, Ангел Тилвар. (Кабинет на претседателот/ 11:30, снимателите и фоторепортерите да пристигнат/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала на Уставна комисија/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 13:00)

Скопје – „Бехтел и Енка - можности, предизвици и одговорности“ месечно обраќање на актуелна тема во Стопанската Комора. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4, кат 5/ 10:30 – 12:00)

Скопје – Тркалезна маса „ Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“, во организација на Владата, канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC) и германската Агенција за меѓународна соработка (GIZ). (х. „Холидеј ин“/ 10:00)

Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), која ќе ја одржи 11. сесија на тема: „Регулација, прагматички контекст и ефекти визави Поглавјето 23 и одговорноста на релевантните субјекти во спроведувањето на правдата во Република Северна Македонија“, во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници/ 9:30 – 14:00)

Скопје – Означување на почетокот на подготовката на новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) во соработка со МЗШВ. (Europe House/ 10:00)

Скопје – Презентација на 23-то издание на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. (х. „Мериот“, АБЦ сала, кат 1/ 10:00)

Скопје – Промотивен настан на Здружението на земјоделски инженери Агроном 1947. (Факултет за земјоделски науки и храна/ 17:00)

Скопје – Изјава на претставници на Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ). (пред влезот на ДИЦ/ 11:00)

Скопје Прес-конференција на градоначалникот на Општина Гази баба, Бобан Стефковски. (Општина Гази Баба, конференциска сала, барака бр. 6/ 11:45)

Скопје – Промоција на доктори на науки на кандидати кои докторирале на Универзитетот „Кирил и Методиј“. (УКИМ/ 12:00)

Скопје – Завршен настан по проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“. (НУБ „Св. Климент Охридски“, конференциска сала/ 10:30) 

Битола – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе одржи Отворен ден под мотото„Нови перспективи“. (на платото пред Офицерски дом/ 12:00 – 19:00)

Скопје – Отворање на изложбата на фотографии од Виктор Соколовски насловена „Stolen moments“. (КИЦ – Скопје, Салон Империјал 2/ 20:00)

Битола – Промоција на повеќејазичната збирка на кратки раскази на тема помирување, од конкурсот Бибер 05. (Центар за култура Битола, Мала сала/ 19:00)

Струмица – Хуманитарен концерт – Звукот на човечноста во организација на Елеуса фондација. (НУЦК „Антон Панов“/ 19:00)

Загреб – Уметничка вечер со Томислав Османли. (Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан