• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД 

28 август 2023 

Блед - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум. (14:30-15:45, Лидерскиот панел може да се проследи на следните линкови MK - https://youtube.com/live/TfukAF_npzg, ALB - https://youtube.com/live/VYy__9_YIks, ANG - https://www.youtube.com/watch?v=umCd1m0SFN4)

Скопје - Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. (Манастир Успение на Пресвета Богородица во Матка/08.30 часот)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе додели дозволи за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои ќе ја спроведуваат социјалната услуга – Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење во општина Крива Паланка, по што се предвидени изјави на Тренчевска, градоначалникот Сашко Митовски и секретарот на Црвениот крст во Крива Паланка Дарко Пешевски. (пред седиште на Црвен крст во Крива Паланка/11.30)

Скопје -  Традиционална 21. крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиска медицина на РСМ. (Дом на АРМ/09:00 - 17:00).

Прилеп - Концерт на Џенгис Ибрахим по повод афирмација на истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија, во организација на Центарот за истражување на предисторијата заедно со Прилепскиот џез викенд (Археолошки локалитет Врбјанска Чука/19:00) 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

 

 

 

Остани поврзан