• сабота, 23 ноември 2024
МИА НАЈАВИ
11 април 2022 Криволак - Премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе присуствуваат на „Денот за високи гости“ на вежбата „Блесок 2022“. (Армиски полигон Криволак/11.00, пристигнување на новинарските екипи пред влезот на полигонот најдоцна до 10:20, организирано влегување во полигонот до местото на изведување на активноста со автобус)  Скопје - Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе се обрати на десеттата сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој при Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија на тема „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници/12:00-16:00) Скопје - Презентација на Дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи во организација на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС). (х. „Холидеј ин“,ала Милениум 2/11:00)  Скопје - Концерт на женска секција при професионалниот камерен хор „Про Арс“ под диригентство на Сашо Татарчевски во рамките на 45-те „Денови на македонска музика“ органиизрани од Сојузот на композитори на Македонија - СОКОМ. (Фоаје на Национална опера и балет/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан