• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави – МКД
10 ноември 2021  Скопје – Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче. (Медија центар на Владата на РСМ, линк за македонски јазик: https://youtu.be/8G9EQqLr33c и линк за албански јазик: https://youtu.be/vEqtY154szY  /12:00) Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е домаќин на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Нов извештај на Европската комисија - стари проблеми: Како до поголема ефикасност во изрекувањето и извршувањето на мерката конфискација на имот“, во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници или на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/82269373135  / 09:30 - 13:00) Скопје – ОБСЕ и Агенцијата за млади и спорт започнуваат кампања за подигање на свеста против нетолеранцијата и омразата во Северна Македонија. (ресторан „Пелистер“/ 11:00) Скопје – УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. (на платформа ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/83223326322?pwd=blJjd2JzM2VJK1FFV2lKcjIvNG5vZz09#success / 13:00 – 14:15) Скопје – Здружение КАЖИ КОГА -Центар за инклузивен развој Скопје ќе одржи Работилница за „Јавните простори и улогата на граѓаните и општините во нивното планирање, одржување и  трансформација“. (Јавна соба/ 10:30, пред почетокот на настанот прес-конференција ќе одржат градоначалниците на општина Аеродром и на општина Кисела Вода, Тимчо Муцински и Орце Ѓорѓиевски/ 10:15) Скопје - Поетско читање во чест на 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески, под наслов „Блаже Конески - Проста и строга македонска песна, во изведба на Дино Имери, пијано и Симона Спировска, актер. (Институт за македонски јазик во Спомен собата на Крсте Петков Мисирков/ 19:30) Скопје - „50 години македонски анимиран филм“. (МКЦ, Галерија 1 и 2/ 20:00) Скопје – Почнува Недела на шпанскиот филм со документарниот филм „Омега“ во режија на Хервасио Иглесиас и Жозе Санчез-Монтес. (Кинотека на Македонија/ 20:00) Скопје – Прес-конференција на која ќе биде промовиран документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“. (Прес-центар на ОКСМ во СЦ „Јане Сандански“/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на Националната боксерска федерација по повод 50-то јубилејно издание на „Златен Гонг“ 2021. (Агенција за млади и спорт, кат 8/ 12:00)  __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан