• сабота, 31 август 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
28 јануари 2021 Брисел - Еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан ќе разговара преку видео-конференциска врска со министерот за животна средина на Северна Македонија, Насер Нуредини. Будимпешта - Онлајн конференција „Национализми на Западен Балкан - Косово и Албанија во иднина - подалеку или поблиску еден до друг“ организирана од Институтот за надворешни работи и трговија од Будимпешта. Стразбур - Завршува редовното зимско заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Њујорк - Прес конференција на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Красногорск - Судот на Московската област ќе ја разгледува жалбата на опозицискиот лидер Алексеј Навални на неговото апсење. Бишкек - Новоизбраниот претседател на Киргистан ќе положи заклетва. Брисел - Неформална средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ. Пекинг - Дочек на Кинеска Нова Година.

Остани поврзан