• недела, 17 ноември 2024
МИА Најави МКД
29 јуни 2022 Мадрид - Претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествуваат на Самитот на НАТО. Скопје – Проштална средба на унгарскиот амбасадор, Ласло Иштван Дукс со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Стар кабинет/ 9:30)  Скопје – Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Кристална сала/ 10:00) Скопје – Собранието ќе ја одржи 76. седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања. (сала „Македонија“/ 11:00) Скопје - Седница на Уставниот суд. (09:30) Скопје - Прес - конференцијата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. (Амфитеатар на ФЕИТ/ 14:00) Скопје – Втор јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. (простории на Агенцијата, конференциска сала, кат 2/ 12:00) Скопје – Панел дискусија на тема: „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“ во организација на Коалиција „Сите за правично судење“ во рамките на Годишната програма за работа за 2022 година. (на Фејсбук страната: https://www.facebook.com/events/552672216265944.  / 12:00) Скопје - Презентацијата на извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2022 година. (хот.„Double Tree by Hilton“/ 10:00, изјави за медиуми во 09:50) Скопје - Прва регионална работилница за инспекциски надзор во патниот транспорт во организација на Државниот инспекторат за транспорт, Секретаријатот на транспортната заедница, а во соработка со Амбасада на Република Полска и Генералниот инспекторат за патен транспорт на Полска. (хот. „Александар Палас“, изјави за медиуми во 10:30)  Штип/Велес – Централна церемонија со полагање венци и оддавање чест на паднатите српски војници во текот на Балканските војни и Првата светска војна. (на ридот Каленица, кај Штип/ 10:00 и Спомен костурницата во Долно Карасларе, кај Велес/ 12:00) Скопје – Почнува „Скопје Синема Сити“ со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ. (Галерија КИЦ/ 19:00) Крушево – Хуманитарен концерт „Детска Насмевка за овој свет” во чест на животот и делото на Тоше Проески. (Спомен куќа „Тодор Проески“, амфитеатар/ 19:30) Охрид - Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“. (катедрална црква „Св.Софија“/ 20:00) Виница – Промоција на стрип албумот „Бестрашниот“ на стрип авторот Дарко Богданов. (Дом на културата „Тошо Арсов“/ 20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан