• вторник, 17 декември 2024
МИА Најави МКД
27 јуни 2022 Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 4/10:30) Скопје - Собранието ќе ја одржи 75-та седница. (Сала „Македонија“/11:30) Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото доделување на уверенија по повод завршување на шестмесечниот курс за стручно оспособување офицери за службите на Армијата и промоција во чин поручник. (Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ - касарна „Гоце Делчев“/12:00, пристигнување на медиумите на влезот на касарната „Гоце Делчев“ најдоцна до 11:30) Скопје – Средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска со претставници на германската Сојузна академија за безбедносна политика (БАКС). Берово - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во работна посета на Општина Берово каде ќе изврши увид во изградба на водоводна мрежа за туристичката населба Беровско Езеро. (изјава за медиуми во 12:00) Скопје - Работна средба на народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски на која е предвидено да биде потпишан Меморандум за соработка. (х. Панорамика/изјави за медиуми од 11:30 до 12:00) Скопје - Подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. (Амфитеатарот на ФЕИТ/13:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода ќе присуствува на отворањето на новиот парк во општина Кисела Вода - „Иднина”. (непосредно до кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода/изјава за медиуми 10:00)

Охрид - Почнува работниот дел од Меѓународната конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово - одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“. ( х. Метропол Охрид, сала Билјана/изјави за медиумите од 11:30 до 12:00)

Охрид - Седма сесија на Охридската школа на природното право „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“. (Научен и уметнички центар „Уранија“) Скопје - Прес-конференција на генералниот менaџар на ракометниот клуб Вардар 1961, Михајло Михајловски. (сала за прес-конференции во СЦ „Јане Сандански“/11:00) Скопје - Промоција на книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски. (во дворот на Факултетот за драмски уметности - Скопје/21:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан