МИА Најави МКД
- 12 ноември 2020
12 ноември 2020
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 21-та седница. (11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала 6 /10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (сала „Борис Трајковски“ /10:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6 /10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала „Борис Трајковски“ /11:00)
Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе го презентира новиот концепт на Економската дипломатија, кој произлегува од предвидените приоритети на Мандатната мисија на МНР. (хол на МНР /11:00, претставниците на медиумите да пристигнат 10:40-10:55)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја продолжи 41-та седница. (на платформата ZOOM https://zoom.us/j/95423901095?pwd=cEg4YlpGTStYYkkzTHZDWmZBeWpCUT09 / 10:00)
Скопје - Изјава на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, при посетата на пунктот за бездомни лица на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток. (10:30)
Гостивар - Градоначланикот на Гостивар Арбен Таравари ќе има средба со амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј. (Кабинет на градоначалникот / 9:00; заедничка прес-конференција во 9:45)
Скопје - ФЕИТ и „Отворете ги прозорците“ организираат онлајн прес-конференција за промоција на нова апликација наменета за деца со попречен говор. (на платформата ZOOM https://zoom.us/j/91500718516?pwd=QWZmcm5IRnFnTzFqaFNYa3liTFZodz09 / 11:00)
Скопје - Премиера на претставата „Хипноза на една љубов“ од Душан Ковачевиќ и во режија на Димче Николовски. (Драмски театар Скопје /17:30)
Скопје - Концерт на Филхармонијата насловен „И тело и душа“ на кој како солист ќе настапи пијанистот Дино Имери.
Скопје - Онлајн-промоција на интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“ на Александра Тодоровиќ. (на фејсбук-страницата на „Литература.мк“ /19:00)
Куманово - Самостојна модна ревија „Традицијата и современото живеење“ на Гордана Митровска-Беба. (Дом на занаетчии, сала за венчавање /13:00)
__________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***