• вторник, 23 јули 2024
МИА Најави МКД
25 ноември 2020 Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и  буџет. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала 6/12:00) Прилеп - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе присуствува на официјалниот почеток на откупот на тутун во Тутунски Комбинат АД Прилеп. (откупен пункт во кругот на комбинатот, изјави за медиумите/11:30) Скопје - Трета годишна конференција за е-трговија која ќе се одржи онлајн под мотото: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. (9:00) Скопје - Фондацијата „Информација и заштита на природата” (ФИЗП), Подружница во Република Северна Македонија,  во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП )и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП), организира онлајн настан за презентација на резултатите од проектната активност „Заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели”. (на платформата ZOOM https://us02web.zoom.us/j/84512218226?pwd=RlBtcU5sM3JlNVh0SjJnNzg3a0NmUT09  /10:00) Скопје - Фондација Метаморфозис го организира 16-то издание на Конференцијата „е-Општество.мк“ на тема „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“.“ (на платформата ZOOM/10:00) Загреб - Шеста едиција на FOCUS Конференцијата за иновација и комуникација во јавната администрација и јавните претпријатија. (https://www.focus-conference.eu/ /12:00) Скопје - Изложба „Ромски носии од Скопје“ и мултимедијална изложба на ромските занаети на Даниел Петровски, антрополог. (Галерија „КО-РА“, нов салон сутерен, салон 1, 2 и 3/14:00) Скопје - Онлајн промоција на книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ од основоположникот на катедрата за етномузикологија Ѓорѓи Ѓорѓиев. (на фејсбук-страницата Литература.мк“/19:00) Скопје - Прес-конференција на Боксерската федерација на Македонија по повод успехот на нашиот боксер Ардијан Аземи  на Европското првенство за младинци во Будва и освоениот бронзен медал. (СЦ „Борис Трајковски“/11:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан