• понеделник, 16 декември 2024
МИА Најави МКД
27 мај 2020 Скопје -  Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR). Скопје- Министерот за економија Крешник Бектеши ќе информира за последната Уредба со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вондредна состојба која на предлог на Министерството за економија ја донесе Владата. (Пред влезот на Министерството за економија/11:00) Прилеп - Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, ќе ги промовираат фотоволтаичните централи поставени во регионалниот пазар во Прилеп и регионалниот Дневен центар за лица со церебрална парализа во Прилеп. (Пред споменикот Итар Пејо во Прилеп/11:00) Скопје – Прес-конференција на Синдикатот на  работниците за сообраќај и врски. (Синдикат на железничарите кај новата железничка станица - просторија бр.711/10:00) Скопје - Вебинар „Точки на гледање: Ковид-19 и состојбите во филмскиот сектор во С. Македонија“ во рамките на пролетната онлајн иницијатива на 10. Филозофски Филмски Фестивал. (Директен линк за вклучување преку Zoom link или Webinar ID: 920 7615 1547 и Webinar password: pff2020/11:30) Скопје – Отворање на изложбата на цртежи насловена ЦРНО – ШАРЕНО од ликовниот уметник Дарко Аницин. (ЈУ КИЦ – Скопје, Изложбен салон – „Империјал 2“) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан