• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави - МКД
28 јуни 2021 Скопје - Четврта работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците. (Парламентарен институт/13:00) Скопје - Доделување на признанието Инженерски прстен. (Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија/17:00)
Скопје - Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и  градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, ќе присуствуваат на отворањето на нова спортска сала во во ООУ „Јоаким Крчоски“ во село Волково. (Предвидени се изјави за медиумите/10:00, локација https://goo.gl/maps/KnbVCgrZ417ny3VJ8
Скопје - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Сибил Зутер Техада, ќе присуствуваат и ќе се обратат на промотивниот настан на Системот за рамномерен регионален развој во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. (Клуб на пратеници/9:00)
Познан - Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, кој се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.
Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз ќе присуствуваат на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД. (касарна Чојлија кај Петровец/11:30, медиумите да пристигнат најдоцна до 11:00)
Сараево - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе учествува на Вториот министерски состанок за интеграција на Ромите.
Скопје - Министерот за животна средина и просторно плнаирање Насер Нуредини ќе одржи брифинг со новинарите. (Кабинетот на Министерот, плоштад Пресвета Богородица бр.3, на 8-ми кат/12:30, не е предвидено снимање)
Скопје - Завршна конференција од проектот „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“ финансиски поддржан од УСАИД во рамките на Проектот за граѓанско учество. (хотел „Александар Палас“/11:00) 
Скопје - Онлајн конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“. (платформа Зум и на фејсбук-страницата на Критинк/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на тема „Очекувањата за туристичката сезона во Република Северна Македонија“. (простории на Стопанската комора, сала 4 на 5-ти кат/11:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, ќе присуствуваат на воведувањето во градежни активности за изградба на игралиште за кошарка во Парк 11 Октомври-Бараки и ќе извршат увид во изградбата на базенот во ООУ „Невена Георгиева Дуња”. (10:00)
Скопје - Промоција на новата стихозбирка „Гранична состојба“ од Лидија Димковска. („Буква“/20:30)
__________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини        

Остани поврзан