• среда, 25 декември 2024

МЗ: Ревакцинирани 43,6 проценти од полнолетните граѓани во државата

МЗ: Ревакцинирани 43,6 проценти од полнолетните граѓани во државата

Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 како прва доза, 1.730 ревакцинирани и 44 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

- Заклучно со 29 септември, вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани, велат од МЗ.

Ревакцинирани се 52 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина.

- Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 35 процентни од населението во државата примиле две дози вакцина, известуваат од Министерството за здравство. ир/сп/

Остани поврзан