• петок, 08 ноември 2024

МЗШВ: Подготвивме системско решение за обесштетување на 9.017 граѓани

МЗШВ: Подготвивме системско решение за обесштетување на 9.017 граѓани
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека проблемот за кој, како што велат, денеска протестираат овоштарите е наследен од претходната Влада уште од 2016 година, кога поради лошите законски решенија предизвикан е правен проблем за исплата на настанати штети. -Оваа Влада посветено работеше пред се правно да ги нормализира работите со цел да овозможи правен основ за исплата на штетите предизвикани по разни основи уште од 2016 година. Извршена е измена на два закони и уредби со цел да се овозможи yслови владината комисија да може да постапува по предметите, стои во соопштението. Владата, како што се наведува, ја усвои и Информацијата за проверка на податоците за настанати штети, со што се затвори процесот пред финалната одлука за обештетување на граѓаните  во 29 општини во висина од 10 отсто од вкупно проценетата штета која изнесува 2,2 милијарди денари. Од МЗШВ посочуваат дека на овој начин Владата овозможи услови за обесштетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел се земјоделци. мд/аа/

Остани поврзан