• недела, 25 август 2024

МЗТ Скопје поуспешен на гостувањето кај Еуро Никел

МЗТ Скопје поуспешен на гостувањето кај Еуро Никел
Кавадарци, 18 октомври 2021 (МИА) - Бранителот на титулата, МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во Кавадарци го победи Еуро Никел со 75:69 во дербито на третото коло од македонскиот кошаркарски шампионат. Претходно, во текот на денешниот ден, Пелистер забележа победа над Феникс со 86:74. Резултати на другите средби од ова коло играни викендот: МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар 67:92 Работнички – Ангели 86:69 Куманово – ТФТ 68:85 Кожув – Навико Академија ФМП 69:76. На водечките три позиции се ТФТ, Пелистер и Работнички со максимални три победи. зс/

Остани поврзан