МЗТ Скопје Аеродром со победа, Пелистер со пораз ги завршија настапите во АБА 2
- Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром и вицешампионот Пелистер вечерва ги одиграа последните натпревари од оваа сезона во кошаркарската АБА 2 лига, забележувајќи половичен успех.

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) – Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром и вицешампионот Пелистер вечерва ги одиграа последните натпревари од оваа сезона во кошаркарската АБА 2 лига, забележувајќи половичен успех.
МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен ја совлада Цедевита со 87-82, предводен од репрезентативецот Војдан Стојановски, кој постигна 17 поени.
За МЗТ Скопје ова беше трета победа во шестиот натпревар во групата А во која го освои третото место.
Предноста од домашен терен не успеаја да ја искористат кошаркарите на Пелистер кои вечерва загубија во Битола со 74-93 од Подгорица.
Со една победа и пет порази Пелистер заврши последнопласиран во групата Ц. ег
ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром/Фејсбук