МЗТ Скопје Аеродром против Еуро Никел во финалето на кошаркарскиот плејоф
- Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен триумфираше во вториот натпревар од полуфиналната серија до две победи против Пелистер со 89:78 и избори п

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен триумфираше во вториот натпревар од полуфиналната серија до две победи против Пелистер со 89:78 и избори пласман во големото финале за одбрана на трофејот.
Феми Олуџоби со 20 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, потпомогнат од репрезентативниот тандем Дамјан Стојановски (13 поени) и Бојан Крстевски, кој мечот го заврши со десет поени и исто толку асистенции.
Претходно денеска, пласман во финалниот плејоф обезбеди и екипата на Еуро Никел со вториот триумф над Работнички од 88:87 по продолжение.
Кавадаречкиот прволигаш ќе се бори за кошаркарскиот трофеј за прв пат по пауза од девет години.
Финалната серија се игра до три победи, а започнува в среда. ег/рп/