МЗТ Скопје Аеродром прв финалист, инцидент на третиот натпревар во Куманово
- Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром се пласираше во финалето на кошаркарскиот плејоф, откако вечерва во Куманово го совлада домашниот тим со 88-61.
Куманово, 17 мај 2025 (МИА) – Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром се пласираше во финалето на кошаркарскиот плејоф, откако вечерва во Куманово го совлада домашниот тим со 88-61.
Пласманот во финалето кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го обезбедија со максимални 3-0 во серијата до три победи и во финалето ќе ја бранат титулата против победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Работнички и ТФТ.
Вечерашниот натпревар во Куманово го одбележа сериозен инцидент предизвикан од домашните навивачи, кои незадоволни од играта на својот тим влегоа на теренот по завршувањето на првото полувреме при резултат 28-53 и се обидоа физички да се пресметаа со играчите на домашниот тим.
Натпреварот продолжи, откако интервенираше полицијата и ги испразни трибините. ег
ФОТО: КК МЗТ Скопје Аеродром/Фејсбук