• петок, 04 октомври 2024

МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка  за стратегиска оцена на животната средина, согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување долгорочен и одржлив систем за управување со отпад. 

Од  МЖСПП денеска информираа дека НСУO 2024-2036 ја претставува националната политика за управување со отпад во Северна Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ  законодавство и барања за отпадот.

- НСУO ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад. Општата цел на НСУО 2024 - 2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето, појаснуваат од МЖСПП.

Нацрт стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена се достапни на интернет страната на МЖСПП, во делот на „Соопштенија” (www.moepp.gov.mk), како дел од јавниот увид (19.09.2024 – 19.09.2024). Со цел пошироко вклучување на заинтересираната и засегната јавноста, беа организирани 6 јавни расправи во земјата (Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје).

 

 

цр/са/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан